Масовни протести во Колумбија:Илјадници граѓани излегоа на улица

news
Advertisement

Масовни протести во Колумбија:Илјадници граѓани излегоа на улица

Advertisement

Илјадници граѓани на Колумбија излегоа на улица поради планираните уставни реформи на претседателот Густав Петро.

Петро ги објави плановите за промена на Уставот за да ги поттикне социјалните реформи кои не можеше да ги унапреди соочен со противењето на Конгресот и конзервативните бизнис групи.

Колумбискиот конгрес неодамна одби да усвои закон за зајакнување на државната контрола врз здравствениот систем со цел да се подобри ефикасноста и да се намалат трошоците за лекување.

Како одговор на тоа одбивање, Петро со декрет нареди преземање на двете најголеми компании за здравствено осигурување во земјата, од кои зависат милион Колумбијци.

Демонстрациите се одржаа во неколку градови во Колумбија , а во главниот град Богота протестот се одржа пред претседателската палата пренесува АП

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.