Мајка на убиено девојче во Врачар тврди: „Тоа веќе не е училиште за мене, ниту дете не смее да стапне таму“

news
Advertisement

За мене основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар не е повеќе училиште од 3 мај (кога се случи злосторството). Ниедно дете не смее повторно да стапне таму да оди на настава, бидејќи тоа не е нормално. Не смее повеќе да биде училиште. На тоа место треба да се изгради меморијален центар.Исто така, учебната година мора веднаш да се прекине во цела Србија, да се покаже солидарност, а не да се продолжи со обиди за нормализирање на сето ова. Во ред е и треба децата да поминуваат време со класот и наставниците до лето, но надвор од училиште – на терени, игралишта, во паркови, нека зборуваат, се смеат, плачат, врескаат, гушкаат… во текот на летото, сите деца мора да бидат во фокусот, а од 1 септември целосно да се реформира образовниот систем – основното училиште концептуално да се промени.

Advertisement

Со овие зборови ја започнува приказната Миланка Негиќ, мајката на Софија (13), која беше убиена на 3 мај во училиштето во Врачар. Таа реши да излезе во јавност за да се обиде да промени нешто, да укаже на фактот дека мора да се промени сегашниот систем на основно образование, бидејќи на децата треба да им се понудат содржини кои пред се ќе развиваат емпатија, блискост, другарство, меѓусебно почитување, а не како досега, да биде само трка по оценки.

-И јас имам четири и пол годишно дете, имам волја и сила да се борам, сакам тоа дете да порасне тука, и важно ми е во какво општество ќе порасне. Затоа сакам да го истакнам сето ова и ми е неверојатно како овие денови, сите зборуваат за тоа како се друго е во фокусот освен за клучните работи. Морам да го кажам ова иако сето ова бара многу енергија, бидејќи вложувам многу труд и енергија за некако да ја задржам Софија присутна покрај мене, да го слушнам нејзиниот глас, некако да најдам начин да се справам со се – вели Миланка Негиќ за српски Курир.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.