МВР со детали за „бомбата“ во ЈСП: Вработен го испратил маилот, „ако не добиеме плата, ќе пукне!“

news
Advertisement

Министерството за внатрешни работи со први информации за „бомбата“ во ЈСП која од сообраќај ги повлече сите автобуски линии.

Advertisement

„Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите“, велат од МВР.

Во тек се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку низ Скопје е целосен хаос откако градот денеска остана без јавен превоз, но не поради штрајк на вработените, туку поради дојава за поставена бомба.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.