Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по суви коловози, а сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, информираат од ЈП Македонијапат.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта, и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Од АМСМ, пак, јавуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Оттаму потсетуваат дека обврската за носење зимска опрема во возилата трае до 15 март.