Меџити на Онкологија ги убедуваше пациентите да им веруваат на докторите: „Најјако ќе го санкционираме тој што погрешил“

news
Advertisement

Најјако ќе го санкционираме тој што погрешил“. Со оваа, а и неколку други фрази министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска ги убедуваше онколошките пациенти да им веруваат на докторите на Клиниката за онкологија. По состанокот со стручниот колегиум на клиниката, министерот реши да поразговара со пациентите, со цел да ги увери дека терапијата која ја примаат е соодветна и целосна.

Advertisement

Им укажа, да не се сомневале во квалитетот на лекови, а и професионалноста на стручниот тим.

Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) присуствуваше на стручниот онколошки колегиум, кој се одржува еднаш неделно, односно секоја среда во месецот.
„Министерот Меџити со лекарите разговараше за воспоставениот систем на работа на Клиниката, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елеминирање на какви било злоупотреби со терапиите.
Клиниката за онкологија нов начин на работа има воведено од ноември лани, каде конзилиум од 12 раководителите на оддели ги разгледуваат историите на пациентите на кои им е индицирана аппликација на биолошка терапија и заеднички се одлучува дали има основa пациентот да прима одредена терапија. На овој начин е исклучена можноста за евентуални злоупотреби односно поединечно носење одлуки за биолошката терапија“, соопштија од Министерството за здравство.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.