Миа Костова раскажа како може да си дозволи два месеци да живее на море и колку ја чини тоа задоволство

news
Advertisement

Миа Костова, денес е една од највлијателните на Инстаграм. Не е тајна дека поранешната водителка на Бексјетјџ, постојано го привлекува вниманието на јавноста.
На прашањето во каков однос е со Тијана Скулиќ, со која заедно живее, таа зборува со посебна насмевка на лицето за Репортер. „Таа ме извади од мрт вите. Во време кога бев во една токсична љубовна врска, од која едвај успеав да избегам, таа беше тука.

Advertisement

Ми се смачи веќе да е зборува за мојата ориентација, ко да е тоа којзнае што. Пред сè Тијана е мој најдобар пријател и таа ме научи дека за љубов не треба да се трудиш“, искрена е Миа. Тијана ѝ помага и кога треба да се фотографира за на Инстаграм.
„Една од првите работи кога почнав со Инстаграмот беа силик онските гр ади, кои ми се подарок“, открива Костова за Репортер. Неодамна јавно прозборе за депресијата за која вели дека се уште не ја надминала целосно.
–Се уште не сум добра. Тоа е најголемата зафрканција што луѓето не личат дека се во депресија, и тоа е моментот коига ги испуштаме од раце. Во мојот случај, добрата страна е што јас многу брзо ја препознав.

После еден долг период на анксиозност, се тргна кога „заглавив“ 90 дена на море, и кога имав многу време за себе, веројатно после една долгогодишна борба со пет работни места, со чување на Андрија сосема сама, со постојано: Миа храбра, Миа храбра…
Во еден момет кога си реков: Го работиш она што го сакаш, во животот не си се чувствувала финансиски посигирна, Андрија порасна, можеби и не сум му веќе толку многу потребна, седи сам, знае да се врати од школо, оди во школо, и некако да почувствув како секој камен да падна од мене и само издишав.
Се вратив во Скопје и следуваше еден период на малце посилна анксиозност, којашто па направи да не можам да бодам лагодна, да излезам, постојано панични напади, гужва ми е таму, не можам ваму, па за 15 минути скришно ќе излезам напуштајќи го друштвото..

Некако тоа едно водеше кон друго да јас почнам да се затварам дома, односно да сакам да сум си на сигурно, односно, дома ми е мој простор, си уживам дома, односно колку и да мислам дека не депресија, тоа беа први знаци на депресија.
Деп ресија е всушност едно чувство на константен страв, а умор. Ем си уплашен, ем си уморен, ем апсолутно на ништо не можеш да одговориш. И среќа што многу брзо ги преземав работите во свои раце. Со помош на психолог и со помош на биоинформатика..

Имав многу проблеми со несоница, можев да не спијам и по два дена, знаев да врзам по два часа сон во 48 часа, во кои како зомби вуквално, ни дома не бев функционална, и почнавме чекор по лекор како мали деца да се договараме си Ивана Хаџиванова како ќе се вратам на работните обврски.
Јас не бев добра едно четири месеци, мислам дека некаде до крај на јануари бев баш, баш лошо“, изјави Миа во Репортер. „Буквално сум ја терала Тијана да се симнеме пред зграда, брзо брзо да се сликам, и одам горе да легнам“, додаде Миа.
–Андрија имаше еден период кога прашуваше, пак ли те боли глава? И тоа е нешто што веројатно децата го осеќаат, заради тоа што јас констатно лежам и се дувам со фен, тоа го знаат сите следачи, дека тоа е еден звук кој ме смирува.

познатата водителка и инфуенсерка, во едно интервју за Кафе пауза зборуваше за својот живот со синот Андрија.
–Ако се предадеш и речеш не можам, не успевам, нема работа, не постигнувам, веројатно ни коцките не се местат. Кај мене беше така.
Имав многу куса финансиска криза која ја надминав со упорност и со немање апсолутно никаков ср ам од работа.

Андрија имаше само 40 дена кога се вратив на неколку дена во диско неделно, почнав да работам во фризерски салон како координатор иако тоа никогаш не сум го правела ама некако се пронајдов, во меѓувреме дипломирав, работев и на телевизија, работам и како инфлуенсер.
И сето ова успевав да го вклопам со мало бебе кое немаше кој да го чува.
Од бебе е во градинка, седел со саати кај мене на работа, седел на снимања со температури, ама никогаш не сум се откажала ниту некогаш помислив да се вратам во семејниот дом. Решив дека ова е моја приказна и да, коцките се местат и ден денес.

–Не знам дали е до мојот став и до мојот начин на однесување и зборување јавно ама мене не ми се случило некој ниту да ме осуди ниту да има проблем со тоа. А немам ни јас.
Живеам многу подобар посреќен и помирен живот од жени во семејства кои седат во брак поради ова или она.
Сметам дека малку е поинаку денес и дека поинаку се гледа на самохраните мајки за разлика од порано. Тие сѐ повеќе се херои одошто нешто лошо или немо-рално.
Нема тајна, како што кажав погоре, треба само да сакаш, треба да си убеден во тоа дека можеш и да не пребираш додека да стигнеш онаму каде што сакаш

Важно е да имаш време за себе, да не му ја мислиш дали е во градинка предолго, или зошто преспива на друго место, зашто многу е важно прво мајката да е како што треба за сѐ да биде како што треба.
А што се однесува до кариеристките кои не сакаат деца, немам ништо против нив. Сосема ги разбирам. И ги поддржувам. Не може секој ниту секој сака. Кој како смета дека треба – така нека прави“, изјави Миа во интервјуто..
Миа минатата година три месеци живеела на море, во Албанија, а годинава на истото место таа за Женски магазин рекла дека ќе остане два месеци. Миа детално раскажала како може да си го дозволи тоа, и колку чини тоа.

– Втора година по ред сум во Дерми, според многумина најубавото и најмонденско но и најскапо место кога станува збор за Албанија. Дерми го засакуваш на прва, за разлика од некои останати места во Албанија.
Многумина се скептични пред да дојдат, за веднаш после првиот впечаток да се изненадени од она што ги дочекало тука. Мора да признаам дека и јас бев една од нив, и многу размислував пред да прифатам лани. Лани поминав тука 90 дена, годинава 60. Веќе го чувствувам како дома“, раскажала Миа.

Цените лани беа далеку поефтини, годинава се малку соленки. Да речеме, блиску до оние во Грција. Зборувам за Дерми конкретно. Се наплаќаат лежалки, кафе околу 3 евра, ручек за двајца околу 50 евра, ноќевање од 60-70 евра нагоре за апартмани но имате и луксузни хотели кои се над 400-500 евра од ноќ.
Тијана го води маркетингот и социјалните мрежи, јас сум инфлуенсер за Македонија. Заради преуспешната година лани, добивме уште еден договор годинава“, објаснила Миа Костова.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.