Милевски: Доминиравме 90 минути, а загубивме на наши грешки

news
Advertisement

Резултатот 2:0 во корист на Грузија ги реши дилемите за првото место во групата. Грузијците одат понатаму и преку бараж ќе бркаат шанса за Европското првенство 2024.

Advertisement

Селектрот на македонската репрезентација Благоја Милевски е задоволен од играта на своите момци.

Најпрво сакам да ѝ честитам на Грузија за првото место и пласманот во баражот. Можам да бидам горд на момците како одиграа, но загубивме на ист начин, на наши грешки. Мислам дека заслуживме многу повеќе вечерва. Доминиравме 90 минути. Грешките се составен дел од фудбалот и спортот, но секој треба индивидуално да работи на психолошката подготовка пред да дојде на собир на репрезентацијата. Мораме да бидеме сконцентрирани и да бидеме поконкретни во самата завршница.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.