Милионски колач за платено политичко рекламирање ќе делат 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали

news
Advertisement

Државната изборна комисија на денешната 84 – та седница ги усвои Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избор на претседател на Република Северна Македонија и Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) за Избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Од вкупно доставени 333 барања од медиумите за платено политичко рекламирање за претседателските избори, Државната изборна комисија ги потврди барањата на 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали. Две телевизи и три радија ќе треба да достават корекција на ценовниците согласно чл.75 ѓ, ст.11 од Изборниот законик. Вкупно осум правни субјекти со 10 портали, 1 поткаст и 1 радио се одбиени поради неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање.

Advertisement

Од вкупно доставени 334 барања за платено политичко рекламирање за парламентарните избори, Државната изборна комисија ги потврди барањата на 37 телевизии, 35 радија, 11 печатени медиуми и 249 портали. Две телевизии и три радија ќе треба да достават корекција на ценовниците согласно чл.75 ѓ, ст.11 од Изборниот законик. Вкупно седум правни субјекти со 9 портали, 1 поткаст и 1 радио се одбиени поради неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање.

Против решенијата за одбивање на медиумите кои не ги исполнуваат условите за регистрација за платено политичко рекламирање, незадоволната страна има право на тужба до Управен суд на Република Северна Македонија, во рок од 24 часа од приемот на решението.

Регистарот на медиуми кои ќе вршат платено политичко рекламирање и ценовниците ќе бидат достапни на веб страната на Државната изборна комисија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.