Министерот Сали потврди дека има проблеми со набавката на лекови за малигно болните

news
Advertisement

Иако пациентите веќе два месеци немаат лекови, кои за некој значат живот, а чинат илјадници евра, Сали уверува дека кај и да е тие ќе пристигнат, но кога точно не прецизираше.

Advertisement

Новата Директорка на Онкологија Виолета Клисаровска, пак, не одговори на прашањата на Канал 5 кога точно ќе стигнат лековите кои сега ги нема, а ниту до каде е ревизијата која ја прави таа што инаку треба да покаже како се трошеле парите во изминатиот период или каде завршувал буџетот на болницата, која според официјалните пресметки на ФЗО со 12 милиони евра е рекордер во долговите што ги има Клинички.

Додека токму во Фондот се крои казата на болниците за до година, и лекарите си бараат повеќе пари, односно линеарно зголемување на платите кое им го вети оваа влада пред кризата. Сали за ова вели оти се договорил со Синдикатот, да му дадат рок од две недели за да може да издејствува Министерството за финансии за го одврзе ќесето за белите мантили.

Министерот Сали вели дека периодов под лупа се сите болници, па првпат во триесет години се чешла како управувале директорите со парите. Ако се утврди дека не работеле добро, тој кажа дека можеби конечно ќе се тргнат економските двојни директори на Клиниките кои земаат плата од 1000 до 1500 евра месечно.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.