Министерство за финанси: Ќе се намалат трошоците за брзи кредити

news
Advertisement

Министерството за финансии со посебени законски измени најавува поголема заштита на граѓаните, кои користат услуги на финансиските друштва. Измените на Законот за финансиските друштва, што ги предложи Министерството за финансии, се усвоени од Владата на последната седница. Број от на овие кредитори во последно време значително се зголеми, а се зголеми и бројот на корисници на потрошувачките кредити што тие ги издаваат.

Advertisement

Од Министерството за финенсии денес велат дека со измените на Законот за финансиските друштва ќе се обезбеди поголема заштита на потрошувачите, кои се корисници на услугите од овие друштва, ќе се утврди максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот, се укинува можноста за земање кредит за затворање на претходно доспеан кредит во исто финансиско друштво, а се укинува и можноста трговските друштва кои поседуваат дозвола или лиценца согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри да можат да бидат кредитни посредници на финансиско друштво, односно да нудат кредитни производи.

„Предложените измени предвидуваат финансиското друштво да не може да склучи договор за потрошувачки кредит, ако трошоците кои не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуват 60% од износот на одобрениот кредит. Надоместоците се однесуваат на сите трошоци што потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот, а кои произлегуваат или на било каков начин се поврзани со договорот за потрошувачки кредит или поврзани услуги. Исклучок од ова се трошоците настанати во постапка за извршување и законската казнена камата. Финансиското друштво ќе има обврска задолжително транспарентно и јавно да го објави тарифникот со надоместоците на својата интернет страница или да го истакне на видливо место во своите работни простории“, објави МФ.

Законот го зајакнува и надзорот врз работењето на финансиските друштва, по примерот на останатите регулатори (како на пример Народната банка и Комисијата за хартии од вредност), а за што ќе биде пропишан и донесен посебен правилник. Исто така, предвидени се и глоби од 8.000 до 10.000 евра за непочитување на законските одредби.

Основната главнина за основање на финансиското друштво од 100.000 евра ќе се зголеми на 500.000 евра, при што таа не може да биде обезбедена од заеми или кредити. Дозволата на кредиторот ќе му биде одземена ако во рок од една година му се изречат две мерки, односно глоба или привремена забрана за вршење активност.

Со законските измени се доуредува и финансиската активност – факторинг.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.