Мирчевски до Рамадани: Во Канал 5 не постои етничка дискриминација, срам да ви е!

news
Advertisement

Директорот на Канал 5, Иван Мирчевски остро реагираше на наводите на поранешниот пратеник и долгогодишен политичар Исмет Рамадани , кој ја обвини телевизијата дека пропагира етничка дискриминација на Албанците.

Advertisement

Во име на целата телевизија Канал 5 , директорот на телевизијата Иван Мирчевски се вклучи во емисијата „Само вистина“, во која поранешниот пратеник Исмет Рамадани ги обвини дека во емисијата имало етничка дискриминација на Албанците, нешто што не постои во Канал 5.

Мирчевски му рече на Рамадани дека е крајно неприфатливо и да помисли такво нешто, бидејќи телевизијата е отворена за сите националности , дека Албанците на ниеден начин не биле дискредитирани, а уште помалку дека имало некаква дискриминација.

МАН: Целосна поддршка за Канал 5 ТВ, осуда за несонованите обвинувања од советникот на владата Исмет Рамадани

Македонската асоцијација на новинари (МАН) целосно застанува во одбрана и поддршка на Канал 5 ТВ, реакцијата на директорот Иван Мирчевски и новинарот водител Александар Видиновски како и колегата гостин во емсијата Горан Момироски, по вечерашната дебата во емисијата “Само вистина“ каде политичарот и советник во владата Исмет Рамадани неосновано ги обвини за предизвикување национална нетрпеливост.

-Со етикетирањето на национална основа, Исмет Рамадани ја загрозува безбедноста на новинарите учесници во дебата, како на Канал 5 ТВ.

-МАН ги осудува сите политичари, советници и владини функционери, како и аналитичари кои со години полесно или потешко, и без одговорност јавно навредуваат цели медиуми, новинари, ги етикетираат, па дури и ги обвинуваат за сторени кривични дела како говор на омраза или национална нетрпеливост.

Канал 5 секогаш покажува висок степен на професионализам и конструктивно етичко дебатирање во своите емисии.

Го повикуваме Исмет Рамадани веднаш да се извини до редакцијата на Канал 5 ТВ. Доколку не се извини, МАН заедно со Канал 5 Тв ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на новинарите и медиумот, се вели во соопштението на МАН.

Мирчевски на LINKEDIN: Очекувам Ковачевски да го разреши Рамадани

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.