Митрески утре ќе ги распише претседателските избори, се консултира и за парламентарните

news
Advertisement

Претседателските избори ќе бидат распишани на 14 февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот.
Митрески утре ќе ги распише претседателските избори, се консултира и за парламентарните
Собрание на Република Северна Македонија
Претседателот на Собранието утре (среда, 14 февруари), Јован Митрески ќе ги распише претседателските избори, а се консултира со собраниските служби дали истовремено да бидат распишани и парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај.
Во интервју за МИА тој вели дека доколку не се распишат истовремено изборите секако би ги почитувал уставните рокови, а тоа е 70 дена од денот на одржување на редовните парламентарни избори.
-Претседателските избори ќе бидат распишани на 14 февруари затоа што тоа е моја уставна обврска, обврска што произлегува од Уставот. Во Уставот пишува од 70 до 90 дена од одржувањето на избори. Фактички првиот круг на претседателските избори е 24 април, што значи 70 дена назад тоа е 14 февруари и тогаш ќе бидат распишани претседателските избори. Се уште не сум донел одлука дали во исти ден ќе се распишат и редовните парламентарни избори. Правам некои консултации со службите во Собранието. Ако нема пречка зошто тоа не би го направил и во истиот ден, рече Митрески во интервју за МИА.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.