Мицкоски на средба со Орбан: ВМРО-ДПМНЕ ќе разменува искуства со партијата Фидес при изработка на програмата за наредните избори

news
Advertisement

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на средбата меѓу Мицкоски и Орбан било разговарано и за идни проекти и планови за развој, кои, како што се вели во соопштението, би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија

Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ ќе разменува искуства со партијата Фидес од Унгарија при изработка на програмата за наредните избори. Ова било разговарано на средбата која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја имал со премиерот на Унгарија и лидер на Фидес, Виктор Орбан.

Во партиското соопштение испратено од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека на средбата меѓу Мицкоски и Орбан бил направен пресек на соработката и работата на двете партии. Исто така, било разговарано и за идни проекти и планови за развој, кои, како што се вели во соопштението, би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија.

На средбата, се додава во соопштението, биле констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и станало збор за реализација на стратегиските цели на Македонија.

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од Унгарија за Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија“,

соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во Будимпешта е со потпретседателот на партијата Александар Николоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.