Мицкоски – Пратеници од власта сакаат да се стави крај на ова владеење

news
Advertisement

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека се охрабрени од тоа што има пратеници од власта што праќаат сигнали дека сакаат побрзо да се стави крај на оваа владеење и да се организираат предвремени парламентарни избори. Но, поради страв од притисоци од власта, како што рече, не кажа повеќе детали.

Advertisement

Тој рече дека конечно можат да зборуваат за 61 пратеник, доколку, како што кажа, немаат некаков притисок во меѓувреме. Мицковски вели дека на власт е ДУИ, поддржан од СДСМ и вели дека е време ДУИ после 20 години да замине во опозиција.

„Добро би било и здраво да поминат мандат од четири години во опозиција. За нас прифатливо е да има брзи предвремени избори, а граѓаните ќе одлучат каква е идната влада. Да ги поддржиме тие луѓе кои дадоа вакви сигнали заедно да изгласаме недоверба на оваа Влада и да одиме на предвремени избори“, порача Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посета на градинка во Ѓорче Петров.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.