Мицкоски: Треба да се промени владата, заедничко ДУИ и СДС се лажењето и лошите политики, а тоа се виде и во Извештајот на ЕК

news
Advertisement

Јас не би сакал да коментирам други политички партии бидејќи мислам дека тоа е нивна внатрешна и автентична работа. Се надевам дека набргу ќе ги надминат недоразбирањата кои ги имаат и дека ДУИ ќе биде политичка партија која ќе работи во интерес на граѓаните на Македонија, а не за сопствен, личен и партиски интерес, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање пред денешната промоција на весникот на УМС „Мегафон”.

Advertisement

Мицкоски посочи дека она што е заеднички именител за ДУИ и СДС во овој момент се лажењето, крадењето и лошите политики и дека на Македонија ѝе потребна нова влада.

Унијата на млади сили секогаш ја имала мојата поддршка и ќе ја има, бидејќи верувам во младите не само како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку и како педагог, како човек којшто овие млади луѓе ги образува на универзитет и единствената желба мене како професор, како нивен педагог ми е децата да не ја напуштаат Македонија, да останат тука и тука да ја градат својата иднина. А ние повозрасните, малку поискусните да им го пренесеме нашето знаење и искуство и да направиме од Македонија подобро место за живеење. Или да бидам уште попрецизен, различно од се она коешто денеска за жал ние го живееме во Македонија и младите кои што го живеат во Македонија – речепретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.