Мицоски предлага избори во април меѓу Велигден и Рамазан Бајрам

news
Advertisement

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини власта дека одбегнува договор за датум за избори.

Advertisement

Според него, на тој начин се отвора можност за уставна и политичка криза. На денешниот собир на партијата по повод Денот на ВМРО, Мицкоски дека е срамота што се лиферуваат датуми за избори преку медиумите, но сепак повторно јавно го повика премиерот Димитар Ковачевски да пресече за датум во период кој го определи лидерот на ВМРО. За разлика од претходниот предлог на македонската опозиција да има двојни избори на осми мај, сега Мицкоски понуди за пратеници и за претседател да се гласа во ист ден во периодот меѓу Рамазан Бајрам и Велигден. Односно, сега во игра за опозицијата се неделите на 14-ти, 21-ви и 28-ми април нареднава пролет, освен доколку не се постигне поинаков политички договор за да се гласа во работен ден.

„Мора да се договори датум за редовни избори. Еве му еден предлог, нека земе бел лист хартија и нека напише било кој датум сака помеѓу двата најголеми верски празници идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок“, Рече Мицкоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.