Ми се враќаат слики во главата, се се случи во секунда: Прво јавно обраќање на Ѓорѓе Давид откако прегази жена

news
Advertisement

Ѓорѓе Давид одржа прес конференција после сообраќајката во Македонија, кога усмрти жена после судир на автопат.

Advertisement

Рокерот на пресот на појавил во црнина и видно нерасположен, па проговорил за случката од неодамна.

Прво сакам јавно да изразам сочувство на господинот Африн, кој ја изгуби сопругата во оваа грда приказна. Неговата најголема мака е ќерката која седела зад воланот. Таа неодамна положила возачки испит и го доживеа тоа што го доживеа. Не би сакал да сум му во кожа, и јас имам ќерка и исто така ќе посакам да ја израдувам со автомобил. Јас сум лошо, немам сон, сликите ми се враќаат. Мојата психичка состојба е таква што мислам дека дека сум најсилен од својата генерација, ама ова ме скрши како кибритче. Со оваа траума ќе се борам, ама ќе се трудам да се изборам – рече рокерот.

Тој додаде дека ќе мора еднаш месечно да се јавува во обвинителството во Куманово.

Зборот концерт во овој момент звучи грдо, ама тоа е мојата работа и јас морам да ја работам како и сите останати. Животот не не чека, а ни обврските. Морам да продолжам како да не ми е ништо, а сто ѓаволи ме гонат во целата приказна – рече Давид.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.