МЛАДИОТ УРОШ ОТКРИ ЗОШТО ГО ИЗВРШИЛ МАСАКРОТ Го исмевале, му велеле дека е црн, го избегнувале…

news
Advertisement

Дваесетгодишниот Урош Б., кој минатата недела во Србија уби осум лица, а рани 15, на истражителите им открил кој бил мотивот за овој чин. Тој, наводно, рекол дека масакрот го извршил затоа што трпел насилство во основно училиште. Тој рече и дека мештаните го исмевале и дека правеле заговор против него.

Advertisement

Урош Б. и претходно имал контакт со оружје. Како што пишува Блиц, во 2021 година на таванот од куќата пронашол калашников и пиштол. Повремено одел на стрелиште, а наводно вежбал гаѓање во подрумот од неговата куќа. Како што рекол, во подрумот со пиштол пукал во вреќа полна со песок.

Неговиот татко Радиша Блажиќ е потполковник во Војската на Србија, а во меѓувреме е и уапсен. При претресот во просториите што ги користел осомничениот Блажиќ пронајдени се неколку стотици куршуми од различен калибар, чаури за муниција, еден пиштол и еден револвер. Тој се товари за недозволено поседување оружје и ставање експлозивни направи во промет. Иако жителите на селото, каде што беше извршен масакрот велат дека Урош Б. го познавале само површно, тој тврди дека бил изложен на потсмев.

– Чувствував потсмев, потсмев, потсмев. Мештаните правеа заговор против мене – изјавил тој. Тој рекол и дека селаните зборувале лоши работи за неговиот татко, меѓудругото и дека бил криминалец.

Урош раскажал и за времето кога бил во основното училиште. Како што рекол, децата го исмејувале бидејќи бил со потемен тен и не сакале да се дружи со него.

– Од мал видов неправда и тага, неправдата на општеството се одрази на мене. Немам идоли, јас сум православен, Србин, христијанин, не пушам, не пијам алкохол – изјавил Урош. Б.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.