Млад битолчанец ограбил Австралијанец, полицијата го уапсила

news
Advertisement

Денеска (02.09.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битолалишиле од слобода деветнаесетгодишник од Битола. Тој се сомничи дека денеска одзел накит од Е.В од Австралија, со престој во Битола.

Advertisement

Лицето било приведено во Полициската станица Битола и во службен разговор го признало делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против момчето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.