Многу од жените не се ни свесни, но ова е нивниот најмоќен адут за заведување – тврдат мажите

news
Advertisement

Неодамна научниците спровеле истражување како бојата на гласот влијае на мажите и жените кога станува збор за заведувањето.

Advertisement

Резултатите до кои дошле биле неверојатни, бојата на гласот, како и начинот на говорење се дефинитивно најмоќното женско средство за заведување на кое мажите се предаваат.

Експертите од кандидатите барале со нормална боја на гласот да бројат од еден до десет. После тоа тие исти мажи и жени морале да го повторат тоа, но со поразлична боја на гласот, односно онака како што тие сметаат дека би звучело секси и заводливо.

Друга група на мажи и жени ги слушала нивните видеа и морала да одлучи што од наведеното звучи заводливо, а резултатите биле многу интересни.

Жените воопшто не реагирале на машките обиди бојата на гласот да им звучи секси, додека мажите заводливиот женски глас го сметале за неверојатно сексапилен.

Научниците објаснуваат дека жените кога сакаат да звучат секси, го спуштаат гласот за да стане подлабок, говорат побавно и потивко, што мажите го сметаат за многу поатрактивно од нормалниот тон со којшто вообичаено говорат.

Исто така тие тврдат дека всушност станува збор за природна, инстинктивна реакција која на мажите делува како облик на тело или мирис на кожа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.