МНР ќе ја прекине кампањата за претседавањето со ОБСЕ

news
Advertisement

Министерството за надворешни работи соопшти дека по сугестија на ЗНМ ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања преку користење веб–банери за промоција на претседавањето со ОБСЕ, иако тврдат дека се било според закон.

Advertisement

„Без разлика на законските можности, по сугестијата која денес дојде од ЗНМ, Министерството за надворешни работи ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања преку користење веб – банери. Во интерес на транспарентното работење, евентуалните идни активности од комуникациски аспект ќе бидат правени во координација со новинарските здруженија и другите претставници на граѓанскиот сектор“, стои во соопштението на МНР.

Според јавно достапните информации МНР ќе потрошеше околу 100.000 евра за промотивни активности поврзани со претседавањето на Македонија со ОБСЕ, за што бил склучен и договор со приватна маркетинг компанија.

Османи предупредува на црногорско сценарио ако нема уставни измени

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) утринава реагираше дека ваквата постапка на МНР да инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни медиуми не само што е незаконска туку е и селективен начин на откупување на медиумски простор.

„Оваа пракса на скап и селективен начин на откупување на медиумски простор преку владини кампањи не може да се смета како поддршка на медиумите, туку како обид за нивно корумпирање и истовремено за промоција на политичка пропаганда на штета на јавниот интерес“, реагираа од ЗНМ.

Реагираа и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) од каде соопштија дека одлуката на МНР да потроши 100.000 евра за кампањи со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и е во спротивност со член 102 од Законот во кој се посочува дека е забрането користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.