Момчиња во Тексас ограбиле банка. ФБИ: Малите мангупи се уапсени

news
Advertisement

Полицијата во Тексас вчера уапси тројца малолетници (на возраст од 11, 12 и 16 години) кои минатата недела ограбија банка во Хјустон.

Advertisement

„Уапсени се сите тројца осомничени познати како ‘малите мангупи’. Тие се обвинети за грабеж со закана“, напиша ФБИ Хјустон на социјалните мрежи.

Бидејќи се работи за малолетници, нивниот идентитет не се соопштува. На 14 март, ФБИ сподели фотографија од осомничените на мрежата Икс, велејќи дека тие го ограбиле Велс Фарго и ја напуштиле банката пеш. На фотографиите се гледаат момчиња во банка, пишува Си-би-ес њуз.

Грабежот се случил нешто по 15 часот по локално време. Претставници на ФБИ изјавија дека малолетниците им се заканувале на вработените во банката, но сведоци рекоа дека не ги виделе како држат оружје. Засега не се знае точно колку пари украле момчињата од банката.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.