МТСП: Нема веќе предвремена исплата на пензиите

news
Advertisement

Министерство за труд и социјална политика ги известува пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно.

Advertisement

Министерството известува дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.

„За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи, како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација (МБА) ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на државата“, се вели во соопштението на МТСП.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.