Му роди дете, го влечкаше по судови, а сега ја живее својата љубовна бајка: Како стриптизерка од Србија заведе НБА ѕвезда

Му роди дете, го влечкаше по судови, а сега ја живее својата љубовна бајка: Како стриптизерка од Србија заведе НБА ѕвезда

news
Advertisement

Му роди дете, го влечкаше по судови, а сега ја живее својата љубовна бајка: Како стриптизерка од Србија заведе НБА ѕвезда

Advertisement

Скандал, солзи, ДНК тест и обвинувања за поткуп – па љубов, деца и свадба од соништата! Ова не е заплетот на серијата на Нетфликс, туку вистинскиот живот на Данијела Рајиќ, поранешна стриптизета со српско потекло, која сега е сопруга на еден од најпознатите НБА кошаркари – Пол Џорџ.

Американските таблоиди ја нарекуваат „српската Ким Кардашијан“, а нејзиното патување од ноќните клубови во Мајами до ВИП – ложата на натпреварите во НБА е сè само не обично.

Заводничка од Балканот и НБА суперѕвезда: Почеток каков што никој не очекуваше

Даниела и Пол се запознале додека таа настапувала во ноќните клубови како го-го танчерка. Летале искри, се гледале некое време – а потоа раскинале. Крајот? Повозбудлив и од сценарио на некој најдраматичен филм.

Наскоро Даниела открила дека е бремена. Таа тврдела дека детето е негово – а тој го тврдеше спротивното. Следуваше драма вредна за Холивуд.

ДНК тест, судење и обвинувања за поткуп

Таа ја роди ќерката Оливија, а Џорџ побара ДНК тест. Даниела платила за сѐ од свој џеб – и докажала дека тој е таткото. Медиумите, меѓутоа, ширеа гласини и за обвинувањето дека и понудил милион долари за да абортира.

Потоа дојде неговата тужба – побара целосно старателство. Со години се влечеа по судови, за конечно да се договорат за заедничко старателство. Но, љубовната приказна не застана тука.

Второ бебе, јавна љубов и – венчален прстен!

Само три години подоцна – бомбата! Даниела е повторно бремена, со истиот маж. Овој пат сѐ беше поинаку. Почнаа да објавуваат заеднички фотографии, Даниела од стриптиз-клубот се пресели во семејната куќа, а нивната врска процвета како во бајка.

Џорџ ја запроси во 2020 година, а тие го кажаа судбоносното „да“ во јуни 2022 година, на интимна церемонија во Калифорнија.

Извор: still.kurir

Advertisement