НАД 500 МИГРАНТИ ИМАЛО НА БРОДОТ ШТО ВЧЕРА ПОТОНА ПОКРАЈ ГРЦИЈА, СТОТИЦИ СЕ ИСЧЕЗНАТИ

news
Advertisement

Меѓу 500 и 700 мигранти имало на бродот кој вчера се преврте и потона покрај брегот на јужна Грција, рекле преживеаните. Грчките власти потврдија дека 79 луѓе загинале, а над 100 се спасени, додавајќи дека е невозможно да се каже колку мигранти имало на бродот.

Advertisement

Грција прогласи тридневна национална жалост по една од најголемите несреќи од ваков тип во историјата на земјата.

Преполниот рибарски брод потонал 80-ина километри југозападно од градот Пилос, откако упорно одбивал помош. Тој бил забележан во меѓународните води во вторникот и никој од патниците не носел прслук за спасување, кажа грчката крајбрежна стража.

Властите во неколку наврати успеале да стапат во контакт со бродот преку сателитски телефон, но оттаму само им повторувале дека не сакаат ништо освен да стигнат до Италија. Вчера околу 1:40 часот, некој од бродот испратил известување дека моторот се расипал, за набргу потоа бродот да се преврти и целосно потоне за само 10-15 минути.

Се верува дека бродот со денови патувал од Либија за Италија. Најголем дел од патниците биле мажи во свои 20-ти години, чија националност не е позната. Преживеаните изјавиле дека на бродот имало меѓу 500 и 700 луѓе, што е далеку над неговиот дозволен капацитет.

„Моите колеги видоа дека бродот е преполн. Бевме свесни дека бродот е во неволја со часови пред да испрати сигнал за помош и потоне во еден од најдлабоките делови на Средоземното Море. Ова е невидена трагедија“, изјави капетанот на крајбрежната стража Николаос Алексиу.

Преживеаните се префрлени во градот Каламата, а тројца луѓе за кои се верува дека се шверцери се уапсени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.