Наместо магијата, гатачката и го собрала златниот накит

news
Advertisement

Штипјанка „жртва“ на гатачка, ѝ го собрала златниот накит

Advertisement

Штипјанка била измамена од гатачка, која ѝ ветила дека ќе ѝ ги „растури магиите“, но, само ја измамила и ограбила.

– На 09.05.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Штип, 33-годишна жена од Штип пријавила дека на 26.04.2024 околу 15 часот во дворот од семејната куќа во Штип била измамена од едно женско лице. Според пријавеното, лицето ѝ ветило дека ќе ѝ растури магија, а за возврат побарала златен накит во врзопче од крпа, но под услов да не го отвора врзопчето. По неколку дена откако ја отворила крпата забележала дека го нема златниот накит и сфатила дека е измамена. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.