Нападнат копретседателот на бугарски клуб во Македонија во Струга, се огласи и бугарското МНР

news
Advertisement

Денеска напладне жител на селото Лабуништа беше физички нападнат од лице од селото Велешта, струшко.

Advertisement

Според последните информации, нападнатиот е Бекир Кадриески, копретседател на здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“.

Во Струга е испратен вработен во Генералниот конзулат во Битола, за да го расчисти случајот и да се установи дали овој инцидент има етничка позадина, велат од бугарското МНР.

Бекир Кадриески, за „Нова.бг“ изјавил дека бил претепан од непознато лице во градот Струга и бил навредуван со зборовите „валкан Бугарин“.

Како што пишува бугарскиот портал, Кадриески е државјанин на Република Македонија, и иако не поседува бугарски пасош, неговиот став е дека има бугарски идентитет.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.