Научниците откриваат: Кога и зошто исчезнува страста

news
Advertisement

На почетокот на врската, сè бури од искри и страсти. Новите парови имаат чувство дека никогаш не им е доволно љубов и допир од партнерот и се чини како да ова чувство никогаш нема да помине.

Advertisement

Но, тоа е само привремена ситуација која, ако не се негува, може целосно да исчезне. Се разбира, и по неколку месеци или години врска, вие и понатаму го сакате својот партнер, но во еден момент може да сфатите дека една вечер проведена во шетање или пред ТВ е поатрактивна од врел секс во креветот.

Како и зашто нешто толку интензивно бледее во толку краток период?
Верувајте или не, научниците откриле дека овој момент започнува многу рано во врската! Според истражување проведено во Минхен каде што учествувале 3.000 луѓе на возраст помеѓу 25 и 40 години, сексот предизвикува најинтензивни чувства во првите 12 месеци, а потоа почнува значително да опаѓа. Причината за тоа може да се објасни со тоа што на паровите им треба една година за да “сексуално научат” сè што е потребно за задоволување на желбите и потребите на партнерот. Кога ќе стигнете до оваа фаза, сексуалноста или посакувањето почнува да бледее.

Лошата вест не престанува тука. Истражувањето покажа дека страста со време продолжува да опаѓа, и по 16 години во врска, сексуалното задоволство помеѓу паровите паѓа за околу 27%. Можеби тоа и не е толку страшно ако земеме предвид дека врската траела скоро две децении.

Од друга страна, научниците тврдат дека децата немаат негативено влијание на нивото на страст помеѓу паровите, иако, логично, честотата на секс се намалува со нивниото пристигнување.

Што можеме да заклучиме од ова истражување?
Сексот во долготрајната врска нема да биде толку добар и страстен како во првата година на запознавање, но самата чинија дека сте во врска или брак 16 години, значи дека правите нешто точно е слатко. Во крајниот исход, вечер помината гледајќи филмови во прегратката на вашиот љубовник и не звучи толку лошо!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.