Научниците открија како изгледа првиот час од животот на бебето – од минута во минута

news
Advertisement

Шведските научници внимателно набљудувале 28 новороденчиња по раѓањето, за да воочат низ какви промени поминуваат на самиот почеток од својот живот. Истражувањето објавено во медицинското списание „Акта педијатрика“, покажало дека новороденчињата се однесуваат инстинктивно, кога се препуштени на првите слободни движења на телото и првиот контакт со мајката.
Ова се некои од промените кои им се случуваат на бебињата во првите минути од нивниот живот:
0 минута: Бебињата плачат со силен, лут породилен плач кој помага да се разбудат белите дробови.
Минута 2: По сето тоа плачење, бебињата поминуваат помалку од една минута опуштајќи се, држејќи се совршено мирно на градите на својата мајка. Авторите шпекулираат дека овој тивок, мирна пауза можеби еволуирала за бебињата да
2,5. минути: Кога почнуваат да се будат, новороденчињата за првпат ги отвораат очите и постепено почнуваат да ја движат главата и усните.
8 минута: Бебињата стануваат поактивни – очите ги држат отворени долго. Ги набљудуваат очите и градите на мајка си, со плачење покажуваат дека се гладни и рачињата ги насочуваат кон усните.
18 минута: Детето повторно се одмара по овие движења.
36 минута: Бебињата почнуваат да го користат сетилото за мирис, сè уште се интересираат градите за мајката.
62 минута: Време е за првото доење! Бебињата пијат колострум – првото мајчино млеко, кое содржи бројни хранливи материи и молекули кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Ова рано цицање го стимулира производството на млеко и ѝ помага на матката што побрзо да се врати во претходната состојба.
70 минута: Бебињата потонуваат во сон и добиваат заслужен одмор.
Треба да се напомене дека ова истражување е спроведено на мал примерок на деца, и тоа во Шведска, каде што бебињата, по раѓањето, имаат можност да се одморат на градите на својата мајка и да уживаат во нејзиното прво млеко, што не е привилегија за новороденчињата во целиот свет. Сепак, овие резултати се сметаат за сигурен показател за инстинктивното однесување на најмладите.
Авторите на истражувањето истакнуваат дека времето варира од бебе до бебе, а наведените минути се истакнати како просечни вредности.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.