Најголем дел од Македонците живеат во сопствени домови, Германците главно изнајмуваат станови

news
Advertisement

На ниво на Европа, највисок процент на луѓе кои живеат во сопствени живеалишта има Косово – дури 97,8 отсто. Од друга страна, пак, Германија и Швајцарија се едиствените земји каде што сопствениците на домови се малцинство, а луѓето главно изнајмуваат живеалишта
Високи 85,8 отсто од граѓаните во земјава живеат во сопствени домови наспроти оние кои се решаваат да изнајмат живеалиште. Состојбата е слична во земјите од регионот, но и генерално во источниот дел од контитентот. Во Западна Европа, пак, процентот на луѓе кои живеат во сопствени домови е помал во однос на оние кои се решаваат да изнајмат живеалиште.

Advertisement

Ова го покажува анализата за сопственост на домови во Европа објавена на веб-страницата „Лангеист“, според податоци земени од Евростат. Највисок процент на луѓе кои живеат во сопствени живеалишта има Косово со 97,8 отсто, Албанија е втора со 96,3 проценти, а во Романија 95,3 отсто од граѓаните живеат во сопствени наспроти изнајмени живеалишта.

Во Србија, Црна Гора и Хрватска тој процент е околу 90, во Бугарија 85, а во Грција 73,3 отсто од граѓаните живеат во соптвени домови.

Ситуацијата е поразлична во Западна Европа.

Па така, Германија и Швајцарија имаат далеку најниска стапка на сопственост на домови во Европа – тие се единствените земји каде што сопствениците на домови се малцинство. Процентот на лица со сопствени живеалишта во Германија изнесува 49, а во Швајцарија 42,2 отсто.

Стапките на сопственост на домови во Европа, анализира „ Лангеист“, значително се разликуваат помеѓу земјите и се под влијание на различни фактори, вклучувајќи ја достапноста на станови со пристапни цени, распространетоста на социјалните станови и демографската структура на населението.

Сепак, поседувањето дом останува важна аспирација за многу Европејци, обезбедувајќи чувство на стабилност и безбедност, заклучува „Лангеист“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.