Летото е во полн ек, а патиштата кон брегот се веќе полни со автомобили кои се упатуваат кон своите годишни одмори. Но, со сообраќајните метежи и топлината, патувањето до морето може да потрае подолго отколку што планиравме.
Затоа е важно паметно да се снабдиме со храна што ќе нè освежи, и – најважно – нема да се расипе на +30 во сенка.
Заборавете на мрсните сендвичи и чоколадните плочки што се топат во првата минута од возењето. Наместо тоа, изберете лесни и освежителни грицки што се лесни за консумирање и нема да предизвикаат тежина во желудникот. Еве ги нашите омилени:
*Свежо овошје со „долг рок на траење“ – јаболката, нектарините и грозјето се отпорни на топлина и идеални за патување;
*Сушено овошје и јаткасти плодови – одличен извор на енергија без страв од расипување;
*Мини домати и краставици – совршени за грицкање, полни со вода и природно освежувачки;
*Интегрални тортиљи полнети со хумус – не бараат ладење ако се консумираат во првите неколку часа;
*Оризови крекери, грисини или пуканки од пченка – лесни, крцкави и неутрални за желудникот;
*Сирење во мини пакувања (како преработено сирење) – може да траат неколку часа надвор од фрижидерот;
*Варени јајца – едноставна и заситувачка опција, но најдобро е да се чуваат во термо кеса и да се јадат во првите неколку часа;
*Јогурт во процедена верзија (грчки јогурт во кеса) – погоден за пократки порции ако имате пренослив ладилник;
*Вода, вода, вода! – најдобрo е ладнa, но и на собна температура, хидрира и помага против замор;
*Благи билни чаеви (лаdni) – камилицата или нането можат да го смират желудникот и да ја намалат нервозата при возење;
Конечно, чувајте сè спакувано во практични кутии или хартиени кеси и инвестирајте во ладна кеса – вашето стомак и расположение ќе ви бидат благодарни.
Фото: Pixels.com
Извор: Zadololjna.dnevnik.hr