Friday, September 12, 2025

Најдолгиот прав пат во светот

news
Advertisement

Во оваа земја се наоѓа најдолгиот прав пат во светот!

Најдолгиот прав пат во светот се наоѓа во Саудиска Арабија, а официјалното име на овој пат е „Автопат 10“.

Advertisement

Овој автопат поврзува два града, градот Ал Дарб, на југозапад, со градот Ал Бата, на исток.

… Саудиска Арабија „Автопат 10“ се протега на 1.474 километри, поврзувајќи го градот Ал Дарб, на југозапад, со Ал Бата на исток.

Додека најдолгиот дел од овој автопат кој е прав како стрела е долг точно 239,79 километри (149 милји), тој со право ја носи титулата најдолг прав пат во светот. Тоа е прилично фреквентен пат, најчесто користен од камиони кои превезуваат стока од едната до другата страна на земјата, но најпознат е по неговото протегање од 240 километри низ пустината Руб-ал-Кали.

Овој конкретен дел од инфраструктурата првично беше изграден како приватен пат за кралот Фахд. Но, откако стана дел од системот на јавни патишта, го држи Гинисовиот рекорд за најдолг прав пат во светот. Патот е познат и како „најдосадниот пат на светот за возачите“, поради целосно отсуство на кривини, речиси целосно рамен терен, монотона и безлична околина колку што може да види окото на возачот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *