Најдолговечните народи на светот ја пијат оваа мешавина на чај: Сите состојки веќе ги имате во својата кујна

news
Advertisement

Според експертот за долговечност Дeн Бјутнер, постои чај од мешавина на билки кој го пијат најдолговечните народи на светот. Тој проучувал 5 локации на светот на кои луѓето живеат најдолго и најздраво, познати како „Сини зони“. Во текот на својата антрополошка авантура, Бјутнер забележал дека некои заедници пијат посебни билни чаеви.
„Бидејќи не можеле да си дозволат кафе, отсекогаш ги пиеле тие чаеви. Ги пијат секој ден со години, децении, што веројатно придонесува за нивната долговечност“, објаснил експертот. Кај луѓето кои живеат во „Сините зони“, Ден воочил специфична билна мешавина која делува одлично на здравјето и виталноста. „Оригано, жалфија и рузмарин, секоја од овие 3 билки делува антивоспалително. Тие исто така делуваат диуретички, па со тоа помагаат во намалување на крвниот притисок“, објаснил тој.
„Направете чај од овие 3 билки и пијте го секој ден“, додал Бјутнер.
„Студиите покажуваат дека флавоноидите и фенолната киселина во ориганото помагаат во регулација на воспалителните состојби во телото и оксидативниот стрес. Слично делува и чајот од рузмарин, кој е познат и по своите антимикробни својства додека жалфијата го регулира нивото на шеќер во крвта“, напоменува Ден, пренесува „Mindbodygreen“.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.