Advertisement
Единаесет лица загинаа, а 29 се повредени, откако преполн училишен минибус падна од карпа во северниот дел на Индија. За време на несреќата во минибусот се возеле речиси 40 луѓе.
Advertisement
Девет лица загинале на лице место, а две им подлегнале на повредите подоцна во болница.
Официјални лица информираа дека 29 луѓе се во критична состојба, вклучувајќи шестмина кои со хеликоптер се префрлени во болница во Џаму.
Заменик гувернерот Маној Синха на Твитер напиша дека семејствата на жртвите ќе добијат отштета од 500.000 рупии (6.300 евра).
Advertisement