НАЈНОВА ВЕСТ: Голема полициска акција вечерва во Македонија – паѓаат криминалци од Чаир и Арачиново

НАЈНОВА ВЕСТ: Голема полициска акција вечерва во Македонија – паѓаат криминалци од Чаир и Арачиново

news
Advertisement

Advertisement

Во последните два часа во повеќе делови на Скопје и на Македонија се спроведува координирана акција на единици на МВР, чија цел се членови на насилни криминални групи. Според првичните неофицијални информации веќе има и уапсени. Според првичните и неофицијални информации претреси се вршат во скопско Арачиново и во Чаир, а акцијата е проширена и во други градови низ Македонија. Неофицијално, веќе има и уапсени, но нивниот број и идентитет засега не се откриваат. Според неофицијалните извори, акцијата е насочена кон разбивање на криминални групи кои се поврзани со насилни инциденти во регионот. Од МВР засега нема официјално соопштение, а повеќе информации за акцијата се очекуваат во текот на утрешниот ден. Претходно денеска, во полициска акција во Струга и во Гостивар уапсени се четворица за кои постои основано сомнение дека планирале терористички напади во Македонија, но и во други држави. Од Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција (ОЈО ГОКК) ја потврдија акцијата на полицијата, а детали најавија за утре.

Advertisement