Friday, September 12, 2025

На авион му откажа моторот, но пилотот направи чудо

news
Advertisement

Му откажал моторот на авионот, но пилотот се покажал како вистински виртуоз и направил чудо.

Драматичната снимка е снимена во Австралија, а го прикажува моментот кога на мал авион за време на лет му откажува моторот, а пилотот со чудесен маневар ја избегнал трагедијата.

Advertisement

Инцидентот се случил во Нов Јужен Велс кога авионот принудно слетал на аеродромот Банкстаун.

– Помош, имаме проблем со моторот – рекол пилотот преку радио. – Примено, доаѓа помош. Сите писти ќе бидат достапни – одговориле од контролната кула.

Снимката од хеликоптер покажува како леталото губи височина и изгледа дека за влакно ги избегнува покривите, дрвјата и зградата на аеродромот.

Пред да застане на тревата, лизга неколку метри по асфалтот, пренесува News.com.au.

Аеродромските служби и итните служби брзо реагирале, а е снимен моментот кога пилотот и копилотот неповредени излегле од кабината.

Детална истрага за инцидентот ќе врши Дирекцијата за безбедност на цивилното воздухопловство.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *