На глава го носеше „Љубовниот јазол“: Кејт Мидлтон на првиот банкет како принцеза, со омилената тијара на Лејди Дијана

news
Advertisement

Кејт Мидлтон синоќа блесна на првиот банкет откако е принцеза од Велс, во Бакингемската палата под круната на кралот Чарлс. И секако се’ се вртеше околу неа.

Advertisement

Таа се појави како вистинска кралица на банкет организиран од кралот Чарлс. Облечена во бел фустан на Дејзи Пекам, Кејт во оваа прилика ја носеше и тијарата на покојната принцеза Дијана.

Оваа популарна тијара, Британците ја нарекуваат Љубовниот јазол (lover’s knot), а направена е во 1914 година на барање на кралицата Мери, од дијамант и 19 висечки привезоци од бисер со сребрени и златни детали. Тијарата на крајот отиде кај кралицата Елизабета Втора, која ѝ ја подари на принцезата Дијана. По смртта на принцезата Дијана, кралицата ѝ ја предаде дијадемата на Кејт во 2011 година, откако се омажи за принцот Вилијам.

Кејт носеше мокасини од сребрени кристали со овој неверојатен бел фустан, додека носеше и бела клач чанта.

Како ви се допаѓа изгледот на Кејт Мидлтон?

A еве како изгледаа кралот Чарлс и Камила

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.