На КАРИЛ почина родилката, која се фрли од први спрат на скопска Гинекологија

news
Advertisement

Вечерва во 21 часот почина родилката, која пред десетина дена се фрли од први спрат од скопската Клиника за Гинекологија, неофицијално дознава „Фокус“.

Advertisement

Таа со тешки повреди беше хоспитализирана на КАРИЛ, каде повеќе од една недела се бореа за нејзиниот живот.Триесет и деветгодишната родилка после падот имаше тешки повреди на вратната кичма, градниот кош и главата.

Директорката на скопската Клиника за гинекологија, Викторија Јовановска тогаш во изјава за медиумите рече дека родилката која се обидела да си го одземе животот со тоа што скокна од прозорец на првиот кат на болницата е во многу тешка здравствена состојба.

„Пациентката е во многу критична состојба, ме информираа од КАРИЛ. Немала посериозни психолошки проблеми, иако не сакала да го дои бебето, што не се случува првпат. Табу тема е да доаѓа психијатар тука и да разговара со мајките.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.