На Онкологија почна подготовката за поставување на новиот аксцелератор

news
Advertisement

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) ќе се инсталира линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти. На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20-тина години.

Advertisement

Како што соопшти Министерството за здравство, во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години.

Ангажирана е професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор. По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат.

Министерството за здравство информира дека и покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено.

На оваа клиника во функција се уште три апарати за радиотерапија.

Izvor: https://nezavisen.mk/na-onkologija-pochna-podgotovkata-za-postavuvanje-na-noviot-akscelerator/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.