На Роналдо му скиснал животот во С. Арабија, ќе се враќал во Реал Мадрид?!

news
Advertisement

Егзотичната екскурзија на Блискиот Исток изгледа бргу му преседна на Кристијано Роналдо. Шпанските медиуми пишуваат дека тој веќе покажал интерес да го раскине договорот со Ал Наср и да се врати назад во Европа, а наводно го чекало и работно место во Реал Мадрид, но не како фудбалер.

Advertisement

Според „Ел Насионал“, Реал Мадрид е подготвен да го прими назад Португалецот, со тоа што претседателот Флорентино Перез му чувал позиција како амбасадор на клубот. Можно било дури да добие и некоја посериозна функција во организациската структура на клубот, отколку само церемонијална, вели весникот. Едно е јасно, како фудбалер нема да се врати, бидејќи тој круг бил затворен.

Роналдо и неговото семејство наишле на многу потешка адаптација во Саудиска Арабија, од што очекувале, имале многу често јазична бариера, а на крајот на краиштата, секојдневието таму не е исто на животот на кој биле навикнати во Европа. Оттука и шпекулациите за раскин на договорот кој трае до јуни 2025 година.

Тој во ноември имаше сензационално интервју со новинарот Пирс Морган во кое изнесе јавни и дрски критики за Манчестер јунајтед и за некои соиграчи, по што неговиот договор беше прекинат, а тој продолжи да бара клуб. Наводно му се понуди на Реал уште пред во тој период, но и Флорентино Перез и Карло Анчелоти го одбиле. Не успеа во Атлетико Мадрид, во Спортинг, се зборуваше и за враќање во Италија, одбил понуда и од Канзас сити во американската МЛС лига, за на крај да потпише за Ал Наср за 200 милиони евра годишно, со што стана најплатениот фудбалер во историјата.

Сепак, ниту резултатски не му оди најдобро во Ал-Наср. Клубот е на второ место на табелата, со три бода и натпревар повеќе од лидерот Ал-Итихад. Роналдо се пирклучи од 12. коло и досега одигра уште толку постигнувајќи и 12 погодоци, со што е на делба на петтото место меѓу стрелците.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.