На „Табановце“ сопрени три комбиња што вршеле меѓунареден превоз без лиценци

news
Advertisement

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во рамки на претходно организирана оперативна акција во близина на ПС за ГП „Табановце“ од страна на полициски службеници од Оддел за гранични работи и миграции во соодејство со полициски службеници од РЦ за ГР Север, сопрени се три патнички моторно возила – комби кои вршеле јавен меѓунареден превоз на патници без лиценци и друга соодветна документација. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Притоа, како што посочуваат од МВР, констатирано е дека првото ПМВ-комби марка „Форд Транзит“ со струмички регистарски таблички управувано и сопственост на лицето В.П. од Струмица, откако остварило влез во земјава преку ГП „Табановце“ празно и без патници, во близина на граничниот премин застанало и им дозволило на шест лица патници да се качат во комбето, а по претходен договор лицата пеш да ја минат државната граница и потоа да се качат во комбето за да се превезат до Струмица. Второто возило-комби марка „Мерцедес“ исто така со струмички регистарски таблички, сопственост на Ј.С. од Струмица, управувано од П.Р. од Струмица е сопрено околу 300 метри пред излез од земјава, пред ГП „Табановце“, и констатирано е дека возилото не поседува лиценца за вршење на јавен меѓународен превоз, а превезувало осум патници за Германија.

– Покрај ова, на влез во Република Северна Македонија е сопрено уште едно комбе марка „Мерцедес“ со струмички регистарски таблички сопстевеност на Р.Р. од Струмица, а управувано од К.Ѓ. од Струмица, во кое имало пет патници кои патувале од Германија. При проверката било утврдено дека возачот не поседува соодветна документација за извршување на јавен меѓународен превоз, а исто така земени се писмени изјави од патниците кои изјавиле дека патуваат од Германија и на возачот му платиле 120 евра по лице за превоз, а државната граница помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија ја поминувале пеш. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува во соопштението од МВР.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.