Неверојатно откритие старо 1.700 години: Јајце од римско време сè уште содржи жолчка и белка

news
Advertisement

Научниците од Велика Британија дојдоа до неверојатно откритие старо 1.700 години. Тие открија дека јајцето од римско време, пронајдено пред неколку години во областа Бакингемшир, близу градот Ејлсбери, Велика Британија, сè уште содржи жолчка и белка, пишува „Гардијан“.

Advertisement

Водачот на археолошките ископувањата, Едвард Бидулф од Оксфорд вели дека експертите претпоставуваат дека станува збор за белка и жолчка од јајцето, кои се споени во една течност.

Скенирањето на јајцето беше направено пред неколку месеци за да се разјасни како можело најдобро да се зачува јајцето, веројатно од кокошка. Скенерот покажа течност во јајцето, како и воздушен меур.

Јајцето беше пронајдено во јама исполнета со вода која се користела за производство на пиво, а се претпоставува дека е оставено таму помеѓу 270 и 300 година н.е.

„Јајцето на Ејлсбери“ е едно од четирите што беа пронајдени заедно со ткаена корпа, садови од керамика, кожни чевли и животинска коска уште во 2010 година. Меѓутоа, другите јајца се распаднаа при контактот со воздух, при што се појави течност со силен мирис на сулфур.

„Јајцето има огромен истражувачки потенцијал. Често наоѓаме парчиња лушпи, но не и недопрени јајца“, изјавил Бидулф.

Бидулф вели дека е можно предметите да биле ставени во јамата како дарови за подземјето, како дел од погребен обред.

Даглас Расел, постар кустос на збирката за јајца и гнезда од птици во Природонаучниот музеј во Лондон, беше консултиран за тоа како да се зачува јајцето и да се отстрани содржината без да се скрши.

Како што вели Расел, пронајдени се многу постари јајца со содржина, како што се мумифицираните, но тој верува дека ова е најстарото ненамерно зачувано јајце.

Според него може да се направи мала дупка во јајцето за да се извлече содржината и да се обиде да се дознае повеќе за птицата што го снесла.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.