Неисправни автобуси откриени во акција во Тетово и Гостивар

news
Advertisement

Во текот на вчерашниот ден (13.10.2023) спроведена е сообраќајна контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци на возила, автобуси, со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 12 возачи, од кои 10 на тетовско и 2 на гостиварско подрачје. Од нив четири возила биле со неисправен уред за сопирање.

Advertisement

Технички неисправните возила се исклучени од сообраќај и изготвени им се платни налози со парична глоба од 400 евра, а со парични глоби ќе се соочат и фирмите – нивните сопственици.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност навозилата и навремено да бидат отстранете евентуалните недостатоци.“, соппшти СВР Тетово.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *