Сара Чепишевска, која јавноста ја памети како слаткото девојче со руса коса од култната детска емисија „Дајте музика“, денес е успешна професионална и семејна жена. Нејзиниот настап заедно со татко ѝ во дуетот „Зелката има кошули 300“ остана запаметен од многу генерации кои израснаа со оваа емисија.
Денес, Сара е дипломиран дефектолог – логопед, со завршено високо образование на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи активно во областа на логопедијата, особено со деца со различни развојни и говорни нарушувања.
Во своето професионално искуство, Чепишевска има работено на Универзитетската клиника за детски болести, каде пружала логопедска поддршка на деца со Даунов синдром. Исто така, била дел од тимови во Центарот за ментално здравје и аутизам, како и во ЈОУДГ „Орце Николов“ во Карпош. Нејзината работа опфаќа третмани со деца со дислалија, аутистичен спектар на нарушувања, алалија, развојна дисфазија, пелтечење и забавен психомоторен развој.
Од 2015 година, Сара е во брак со сопругот со кого ги има двете ќерки – Илина и Дарија. Потекнува од познато уметничко и академско семејство – нејзиниот татко е музичарот Стево Чепишевски, а мајка ѝ е универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова – Чепишевска. Нејзин брат е пливачот Горазд Чепишевски, носител на неколку државни рекорди.
Фото: Инстаграм
РЖМ – Г.Д.Г