Нема да има зимско сметање на времето – одлука во најава како уште една антикризна мерка

news
Advertisement

Да се задржи летното сметање на времето за да се заштеди електрична енергија. Владата го задолжи министерството за економија да ја разгледа можноста од продолжување на летно сметање на времето со цел дополнително да се заштеди струја.

Advertisement

Граѓаните поделени дел од нив сметаат дека ова е добра одлука на Владата но дел сметаат дека треба да остане старото сметање на времето и да се практикуваат навиките од ЕУ.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека во насока на штедење треба да се размисли да остане летното сметање на времето. Но, предлогот на Владата за продолжување на летното сметање на времето- според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да смени многу.

Дебатата за продолжување на летното сметање на времето се води и на ниво на европската унија, уште од 2018 та година, но оваа одлука неколку пати беше одложувана. Сега повторно се акутуелизира со глобалната енергетската криза која дојде како резултат на војната во Украина.

Според психолозите доколку остане летното сметање на времето, тоа нема да има несакани ефекти, ниту во начинот на функционирање, ниту по здравјето на луѓето, особено кај помладите генерации.

Зимското сметање на времето почнува од последниот викенд во октомври со што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час назад. Во пракса тоа би значело дека во зимските месеци ќе се разденува еден час подоцна, но и денот ќе трае подолго, па наместо да почне да паѓа мрак, на пример, во 16 часот, ќе се стемнува во 17.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.