Нема дилема – уникатна е! И на модната недела во Париз остави трага- посебно „голиот“ изглед

Нема дилема – уникатна е! И на модната недела во Париз остави трага- посебно „голиот“ изглед

news
Advertisement

Нема дилема - уникатна е! И на модната недела во Париз остави трага- посебно „голиот“ изглед

Advertisement

Посебно „голиот“ изглед

Неделава сите очи на познавачите и експертите на модата се вперени во Париз.Таму се случува најпознатото модно случување – Модната недела во Париз.

Како сопственичка на моден бренд Љупка Митрова деновиве е во градот на љубовта, модата и светлината и со смели, софистицирани и добро промислени избори на креации се прошета низ улиците на Париз.

Првата тоалета со која буквално блесна оваа млада и атрактивна струмичанка остава без здив. Како познатите холивудски ѕвезди во креација која е достојна да се прошета на сцената и црвениот тепих на Оскарите, Љупка ги собра погледите на случајните минувачи.

Фустанот кој во преден план ја стави убавата биста на Митрова, ја истакна нејзината совршена фигура е одличен за настани од светски калибар. 

Останатите креации кои ги носеше Митрова се исто така на ниво на дизајните на светските креатори.

Белата кошула, искомбинирана со здолниште од тул и шапка со интересни детали е интересен аутфит и сигурно со него ќе останете забележани на вашата матурска вечер.

Но и фустанот со истакнат корсет е исто така тоалета со која дефитивно ќе оставите белег на вашата матурска вечер.

Р.Ж.М.

Фото и Видео: Инстаграм

Advertisement