Advertisement
Advertisement
Филип Божиновски, талентираниот пејач од Скопје, стана препознатливо име на македонската музичка сцена по учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Со својот моќен вокал и емоционални изведби, тој веднаш ја освои публиката, оставајќи силен впечаток и по завршувањето на натпреварот.
Фејсбук
Иако последниве неколку години се повлече од јавната сцена, Божиновски не се откажа од музиката.
Се ожени, доби дете и го посвети времето на своето семејство, избирајќи повлечен, но исполнет живот. Денес активно настапува на приватни прослави, каде публиката го дочекува со воодушевување.
Особено е ценет поради неговиот патриотски репертоар – песни како „Едно име имаме“ и „Нема друга Македонија“ се неизоставен дел од неговите настапи.
Благодарение на таа искрена љубов кон татковината, многумина го сметаат за еден од омилените гласови кога станува збор за македонската народна и патриотска музика.
Advertisement