Нема повеќе дилеми: Жените открија колку често сакаат да водат љубов

news
Advertisement

Кога станува збор за интимните односи, експертите нагласуваат дека квалитетот е секогаш поважен од квантитетот. Сепак, веројатно нема личност која барем еднаш не се запрашала дали има секс доволно често или треба да има повеќе. Повторно, никој не треба да ви кажува колку често треба да водите љубов – одговорот е онолку колку што сакате вие ​​и вашиот партнер.

Advertisement

И тука, сепак, настанува проблем, бидејќи често се претпоставува дека главно мажите се иницијатори за врски, и дека имаат многу повисоко либидо од жените, но едно ново истражување покажа дека тоа не е баш така.

Во рамките на оваа студија биле испрашани повеќе од 5.000 жени, а ќе ве изненади тоа што дури 75 отсто од дамите изјавиле дека сакаат да водат љубов најмалку три пати неделно. Нешто помалку од половина од испитаниците, 46,8 отсто, се задоволни од својот сексуален живот, додека 53,2 отсто би сакале почесто да имаат секс.

Кога станува збор за кулминација, нешто помалку од 40 отсто од жените го доживуваат барем еднаш за време на водење љубов, 23,8 отсто го доживуваат често, 16,2 отсто повремено и 10,2 отсто редовно доживуваат повеќекратни оргазми.

Нешто помалку од десет проценти од жените велат дека никогаш не доживуваат кулминација за време на односот со партнерот, а 2,8 проценти од нив никогаш не го доживуваат.

Оваа студија утврдила и дека за жените најважна работа за целосно задоволство е емотивната поврзаност, односно постоењето на меѓусебни чувства – за дури 53,2 отсто од нив, додека 23 отсто од жените сметаат дека предиграта е пресудна.

Освен тоа, комуникацијата, редовните интимни односи, внесувањето новитети и разновидноста во креветот се важни фактори за задоволство во креветот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.