Нема уапсени лица за пукањето во Арачиново, напаѓачите сè уште се на слобода, тврди Бојмацалиев

news
Advertisement

Дополнителниот заменик-министер потврдува дека МВР има уапсено лице, но оти тоа не е поврзано со нападот во Арачиново, туку се бара по меѓународна потерница и се работи за повратник од странски боишта, од Република Косово

Advertisement

Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик-министер за внатрешни работи во денешното гостување во „Слободен печат“ / ФОТО: Принтскрин
Напаѓачите, кои во понеделникот пукаа кон градоначалникот на Арачиново, сè уште се на слобода. Министерството за внатрешни работи (МВР) нема уапсено лица што се поврзани со оваа пресметка, вели дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во денешното гостување во „Слободен печат“.

Изјавата на Бојмацалиев доаѓа откако вчера во медиумите беше објавено оти МВР има приведено две лица под сомнение за помагање на вчерашниот вооружен напад врз градоначалникот на Арачиново.

Дополнителниот заменик-министер потврдува дека МВР има уапсено лице, но оти тоа не е поврзано со нападот во Арачиново, туку се бара по меѓународна потерница и се работи за повратник од странски боишта, од Република Косово.

„Сакам да демантирам некои написи што ги читав синоќа дека имаме уапсено лица поврзани со таа пресметка. Тие лица што се уапсени, односно тоа лице не е поврзано со пукањето во Арачиново, туку при рутинска контрола што ја имаме на границата и ја вршиме од воздух и од копно. Таму е уапсено едно лице барано по меѓународна потерница, повратник од странски боишта, од Република Косово. Значи, тоа апсење не е поврзано со случајот во Арачиново“,

рече Бојмацалиев.
Две лица се приведени за пукањето во Арачиново, по напаѓачот сè уште се трага

Тој вели оти МВР има осомничени лица за вооружениот напад, но дека напаѓачите се сè уште на слобода.

Таму, како што рече Бојмацалиев, имаме подигнато одредени докази, но сепак, вели тој, не треба да се прави сензација во медиумите.

„За јавноста сакам да знае, јас сум таков човек транспарентен и додека бев дел од кабинетот на Спасовски сме се труделе да бидеме секогаш транспарентни и објективни, да не правиме сензација во медиумите, како што некои структури се обидоа синоќа да направат дека имаме уапсени лица. Уште еднаш повторувам уапсени лица за пукањето и обидот за убиство во Арачиново сè уште немаме. Тие лица се уапсени за сосема друг случај и во други околности“,

додаде Бојмацалиев.
МВР со детали за инцидентот во Арачиново: Кон градоначалникот Ибраими пукано со автоматска пушка

Вчера од Јавното обвинителство информираа дека полицијата сè уште трага по напаѓачот што во понеделникот попладне во скопско Арачиново со автоматска пушка пукаше кон градоначалникот на Општината, Ридван Ибраими, и кон уште неколку лица, притоа ранувајќи двајца кои за време на престрелката биле заедно со градоначалникот на општината. Ибраими не е меѓу повредените, а тоа денеска го потврди и Бојмацалиев.

Полицијата сè уште трага по напаѓачот од Арачиново што пукаше кон градоначалникот и рани две лица

Двајцата повредени, едниот со прострелни рани во градниот кош, а другиот во десното рамо, се пренесени на натамошно лекување во Ургентниот центар во Скопје и во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.