Необично ,мислевме дека е мртва- ја однеле во крематориум и во последен момент ги отворила очите

news
Advertisement

Буџи Ама (52) била тешко повредена во пожар во нејзината куќа и била пренесена во болница каде лекарите ѝ констатирале изгореници на 50 отсто од кожата.

Advertisement

Откако ѝ биле санирани повредите, била вратена дома, а неколку дена подоцна не ги отворила очите.

Семејството не можело да ја однесе во болница бидејќи немало пари, пренесува Метро.

Сопругот Сибарам Пало верувал дека Буџи повеќе не е меѓу живите, па организирал гробари кои го пренеле телото во крематориумот.

„За тоа што се случи ги известивме нашите познаници, како и погребната кола“, изјави тој за медиумите.

Транспортот бил направен, но по 30 минути возачот добил повик да се врати, бидејќи жената ги отворила очите.

„На почетокот бевме исплашени, бидејќи никогаш не сме имале ваква ситуација, иако сме слушале приказни“, вели работник кој присуствувал на сцената на „враќање од мртвите“.

Така Буџи во истата мртовечка кола е вратена дома.

Извор од крематориумот за медиумите изјавил дека локалните жители и не носеле умреница за да се изврши кремирање, што инаку е задолжителна процедура.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.